Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на шесте илјади амандаманите за Изборниот законик од страна на ДУИ.

Премиерот нагласи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ испратило девет илјади амандмани е силен сигнал за блокирање на процесот.

„Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Како што реков вчера, пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии“, истакна Заев за време на еко акцијата „Аминистрацијата чисти со Не биди Ѓубре“.

Одговарајќи на новинарско прашање тој додаде дека со една изборна единица прво добива државата, но добиваат и сите други политички партии, нагласи Заев.

извор: Makfax