Премиерот Зоран Заев рече дека информацијата дека германската канцеларка Ангела Меркел е против доделување датум за преговори со ЕУ за Северна Македонија е стара и тој очекува дека во јуни или јули ќе добиеме датум за преговори за членство во ЕУ.

Разговаравме со пратениците од парламентарното мнозинство и самите се свесни дека тоа нема да биде одржливо ако не добиеме датум. Но, оптимист сум дека ЕУ ќе испорача. Одам следната недела на средба со канцеларката Ангела Меркел, која беше тука и за референдумот да ни даде поддршка, и таа не е против, рече премиерот Зоран Заев на отворањето на реновираниот оддел на Клиниката за пластична хирургија, коментирајќи ја веста на „Зидојче цајтунг“.

Заев верува дека Албанија ќе ги надмине пречките и заедно ќе кинисаме кон ЕУ. Но, ја потсети унијата дека нитуа една земја не треба да биде спречена во интеграциите поради „гревовите“ на друга земја.

Албанија е наш голем пријател убаво е да одевме заедно, да а си помагаме. Верувам дека ќе се донесе одлука и за двете земји, но ниту една земја не смее да биде закочена поради екстерни околности кои не зависат од самата земја. Правилата на Европската унија се јасни, ако земјата испорача треба и Европа да испорача. Мерит систем постои за секоја земја. Не сме позаслужни никогаш повеќе од сега. 15 години нашата земја чека.