Струмичкото Ауди А8 со кое се вози претседателот на СДСМ Зоран Заев синока е забележано пред зградата во која живее специјалната обвинителка Ленче Рисотоска на улицата „Алберт Ајнштајн” во Скопје.

Зоран Заев веројатно на Ристоска ѝ дава инструкции за нови наредни монтирани случаи кои треба СЈО да ги објави во јавноста, а во кои јасна мета ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, објави Република.

Ова говори за поразително политичко инструирање на специјалното обвинителство во кое Заев посетувајќи ги обвинителите прави и дава нарачки за обвинителни процеси, што претставува фрапантен преседан во кој Заев го октроира и погубува судскиот систем.

Инаку, во јавноста е познато дека специјалната обвинителка Катица Јанева е со членска книшка од СДСМ, а ова говори дека Заев и преку Ленче Ристоска нарачува нови судски случаи.

Познато е и дека Заев од страна на СЈО беше амнестиран за случајот „Пуч” и покрај бројните докази против него и Зоран Верушевски. Со повлекувањето на обвинението од Јанева и СЈО, Заев по вторпат е помилуван по аболицијата од Бранко Црвенковски за случајот „Глобал” и криминалот од 8 милиони евра.

Преку своите постапки, СЈО многу пати досега ѝи покажа на јавноста дека е едно исто со СДСМ. Она што Заев ќе го замисли и испорача, неговата партнерка Јанева многу брзо го реализира преку разни конструкции без никакви поткрепени докази.

Покрај на Јанева, Заев очигледно почна да ѝ дава инструкции и на една од нејзините најблиски соработнички, Ленче Ристоска.

[video:https://youtu.be/ZvmKIMjZbrg]

 

На оваа вест, денеска демант упати јавниот обвинител Ленче Ристоска. 

Демантот ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

Ве известувам дека мојата адреса на живеење не е на ул.Алберт Ајншајн во Скопје и дека информациите за моја наводна средба со лидерот на политичката партија СДСМ, истакнати во медиумите „Курир”, „Република”, „Вечер”, како и на порталите „markukule”, „puls24.mk”, „netpress.com.mk” се невистинити во целост.

Со оглед на тоа што објавената иформација е невистинита, а јас како засегната страна воопшто не бев прашана пред објавување на информацијата, барам овој демант да биде објавен од сите медиуми кои ја проследија ваквата неточна информација и барам јавно извинување од овие медиуми и портали, со оглед на фактот дека со објавувањето на вакви неточни информации се нанесува штета на мојот углед.

Воедно укажувам дека согласно законските прописи објавата на демантот е задолжителна.

Јавен обвинител
Ленче Ристоска “