– Од СДСМ, од свети СДСМ нека е, од каде сака нека е. Законот е еднаков за сите и мора да важи за сите. МВР постапува по пријавата за насилство од Нефи Усеини, а општината донесе решение за уривање на дивоградбата. Ако општината не може да го спороведе решението, владата ќе ги преземе тие интеренции. Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вина, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира, изјави премиерот Зоран Заев во Куманово.