Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин оствари работна средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во МНР на Германија.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата премиерот Заев се заблагодарил за целокупниот ангажман на Германија кон евроинтеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на претседателството со ЕУ, но и во рамките на Берлинскиот процес.

Заев го истакнал и очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на годинава.

Агендата на премиерот продолжува со церемонијата и врачувањето на наградата за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата„Фридрих Еберт“ (ФЕС), а ќе има и работна вечера со парламентарците во германскиот Бундестаг.

извор: Makfax