После позитивниот тест на коронавирус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на конгресот на СДСМ во неделата, премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за Ковид-19.

– Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи, вели Заев 

Заев изјави дека додека еден зборува без маска на лицето, другите носат маска, иако одржувале и неопходна дистанца. 

Сепак, тест секако ќе направам, затоа што така е паметно и одговорно, рече Заев.