Сите ученици кои годинава завршуваат осмо одделение ќе бидат прва генерација која задолжително ќе мора да запише средно образование и да заврши најмалку две години од истото. Ова го најави хрватскиот министер за образоваие Драган Приморац, со што задолжителното образование се продолжува од осум на десет години. Државата се обврзува десетгодишното образование да го финансира за сите учениц до најмногу 21-годишна возраст, а критериумите за уписот нема да се менуваат.