Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 628 случаи со Ковид-19 од 2236 тестирања и 15 починати пациенти од кои седум од Скопје. Исто така регистрирани беа 531 оздравен пациент.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од изнесува 27827, вкупно оздравени се 19479 пациенти, а починати се 949 лица. Во моментот има 7399 активни случаи.

Воедно  есенскиот бран на Ковид-19 ги наполни и болниците. Хоспитализирани се околу 650 лица, од кои 110 се на кислородона подрршка, а еден пациен е на респиратор.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 11941, активни 3551
• Куманово 2161, активни 337
• Дебар 321, активни 44
• Штип 1574, активни 212
• Прилеп 1144, активни 349
• Тетово 1966, активни 409
• Струга 797, активни 90
• Велес 548, активни 177
• Битола 578, активни 200
• Охрид 632, активни 178
• Кавадарци 438, активни 170
• Гостивар 1122, активни 146
• Гевгелија 332, активни 160 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 45 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 762, активни 430
• Крива Паланка 213, активни 66
• Радовиш 206, активни 76
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 647, активни 187
• Пробиштип 167, активни 34
• Демир Хисар 75, активни 13
• Македонски Брод 102, активни 6
• Пехчево 57, активни 7
• Берово 195, активни 47
• Валандово 92, активни 33
• Виница 164, активни 54
• Делчево 231, активни 100 (50 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 10
• Свети Николе 458, активни 69
• Кичево 494, активни 124
• Ресен 228, активни 56
• Неготино 123, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје
 • Чаир – 169
• Гази Баба – 460
• Аеродром – 661
• Карпош – 541
• Центар – 508
• Кисела Вода – 432
• Ѓорче Петров – 299
• Бутел – 168
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 8
• Сарај – 27
• Арачиново – 8
• Илинден – 61
• Сопиште – 31
• Чучер Сандево – 19
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 20
• Нераспределен- 80