Нексе Нашице е најсериозен кандидат на „плинарите” за титулата хрватски шампион и во последните пет кола, босанскиот стручњак ќе се обиде да го „изгасне пожарот” и да ја одбрани титулата.
Каменица е четврти тренер на клупата на Загреб, каде настапува Велко Маркоски оваа сезона, откако започна Веселин Вујовиќ, продолжи Силвио Ивандија, кратко на клупата седеше Голужа, а веројатно сезоната ќе ја заврши Каменица.

Голужа кратко ќе остане без работа, бидејќи од сезоната 2017/18 ќе го преземе словачкиот првак Татран Прешов.