Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово
Дваесетишестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал од патот Гостивар-Тетово после „Неготинска петла“, соопшти МВР.
Во незгодата возачот починал на лице место. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
извор: Makfax