Дваесет годишно момче од Радовиш ноќеска околу 2 часот, на улицата „Илија Алексов” во Радовиш, со мотоцикл удрил во паркирана тракторска полуприколка „ИМТ“.
Од незгодата момчето се здобило со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде од страна на доктор е констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на настанот.

извор: Makfax