Вчера попладне во 17: 25 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.