x

Загадениот воздух го откажа попладневниот тренинг на нашите херои!

gruzija-makedonija-radost-1

Мала промена во плановите на селекторот Игор Ангеловски во поглед на денешниот ден. Во агендата стоеше дека доцна попладнево нашите херои требаше да имаат тренинг, првиот по враќањето во Скопје и првиот по пласманот на ЕВРО. Но тој е откажан поради загадениот воздух во Скопје, па ќе се тренира во фитнес салата во хотелот “Гранд Плаза“ каде е нашата база.

Во недела нашата репрезентација во рамките на 5.коло од Лигата на Нации ја дочекува Естонија. На тој меч нема да настапат Пандев, Адеми, Димитриевски и Алиоски, кои се ослободени од обврските.

Македонија вчера го оствари најголемот успех во историјата на фудбалот, завери место на ЕП 2021 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата