Телеконференцијата на Еврогрупата за Грција заврши вечерва и ќе има нов состанок утре изутрина, јави ДПА.

– На тој начин се дава можност да се проучат грчките предлози, изјави грчки владин извор.

– Краткотрајното продолжување на грчката програма за спас и „кратење” на долгот на Грција се невозможни, изјави финскиот министер за финансии Александар Стуб.

По крајот на денешната телеконференција претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум напиша на Твитер: „Следна телеконференциска средба ќе има утре изутрина, откако беше објавено испраќањето на ново писмо од грчката Влада”.