x

Заврши сезоната и во англиската Национална лига

Клубовите на Националната лига во Англија, петто ниво на фудбалско натпреварување на Островот, гласаа за прекин на сезоната 2019/20. Дополнително треба да се донесе одлука за тоа дали ќе има испаѓање и промоција д другите дивизии.

Речиси 90% од екипите во петтата и шестата дивизија (Југ и Север) во Англија гласаа за предложената одлука на Лигата, при што повеќето го поддржуваат предлогот да не се играат повеќе натпревари заради пандемијата КОВИД-19. Национата лига, Националната лига Север и Националната лига Југ беа запрени на 16 март, една недела откако клубовите во првите четири нивоа на фудбалската хиерархија во Англија ја донесоа истата одлука. Уште во март, властите во Англија решија да ги прекинат сите првенства од седмото ниво надолу.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата