Угостител од Грац е првиот којшто реагираше на сè поголемиот број заразени повратници од одморите во Хрватска и им забрани влез во својот локал на сите кои летувале таму.

Скоро секој ден, една третина од новозаразените лица во Австрија се повратници од одморите во Хрватска, така што расте негативното расположение кај населението кон оние што биле на хрватското крајбрежје.

Угостителот од Грац поставил знак пред неговиот ресторан „Буршеншанк Ерарт“ на кој пишува „Забранет влез за повратниците од Хрватска“.

Франц Ерарт ги објаснил своите постапки како водење сметка за безбедноста на неговите гости

Јас немам ништо против повратниците од Хрватска, но не сакам да го загрозувам здравјето на моите гости. Јас ја поддржувам владата, а таа рече дека вирусот е донесен со автомобил – објасни тој.

Тој тврди дека гостите реагирале позитивно на знакот пред кафеаната.