Кинеските добавувачи на ајкулски перки, школки, луксузни пијалаци и други скапоцени намирници почнаа да ги чувствуваат последиците од забраната што ја воведе секретарот на партија. Пред два месеци тој им наредил на партиските и на државните официјални лица да престанат да живеат раскошно. Затоа продажбата на скапоцените намирници во Пекинг паднала за 35 отсто. Сји, кој го презема местото шеф на партијата на конгресот во ноември минатата година, забрани одржување банкети и други свечености во работно време и користење скапи пијалаци на официјални приеми. Продажбата на супа од ајкулски перки во пекиншките хотели паднала за 70 проценти, а на супа од школки и птичји гнезда за 40 отсто.

На состанокот на Политбирото на партијата во декември Сји наредил организацијата на посетите на високи функционери и свечените пречеци во провинциите да бидат драстично поскромни. Оттогаш важи препораката недојадените јадења да се преваруваат и повторно да се сервираат, на пример недојаден ориз да се сервира како ориз со јајца, а недојадениот зеленчук да се закисели и да се служи како предјадење.