Францускиот премиер, Едуар Филип, објави забрана за протестите на „жолтите елеци“ на париската авенија Шанзелизе и во други два града откако во саботните немири продавници на луксузни брендови беа демолирани и запалени, а поради неажурноста на полицијата во таа прилика, сменет е и шефот на париската полиција.

Филип посочи дека забраната ќе се применува на неопределено време во деловите кои биле најмногу погодени од уништување и грабежи во Париз, Бордо и Тулуз.

Францускиот премиер потврди и дека неделава на местото шеф на париската полиција наместо Мишел Делпеш ќе биде поставен Дидие Лалемен.

Филип најави и промена на безбедносната стратегија, според која полицијата би имала поголеми ингеренции да преземе мерки против демонстрантите кои прават нереди, со цел да може ефикасно да ги растера.

Според него, полицијата ќе користи нови средства, вклучително и беспилотни летала и видео надзор за да го спречи насилството, а бунтовниците да се завршат пред суд.

Филип, од друга страна, вети дека ништо нема да се промени кога се во прашање мирниите и одобрени протести и граѓански собири.

извор: Makfax