Забранетиот град, Летната палата, Небесниот храм и Националниот музеј на Кина утре ќе ги отворат своите врати за посетителите.

Кина продолжува да се опоравува од пандемијата на коронавирус, па дел од знаменитостите на Пекинг од утре повторно ќе примаат посетителио пауза од речиси три месеци.

Сепак, нема се да биде како порано, бидејќи на посетителите на влезот ќе им се мери температура и ќе треба да носат заштитна маска. Исто така, нивниот здравствен QR код ќе биде скениран.

Забранетиот град ќе може да прими максимум 5.000 посетители на ден, додека пред коронавирусот бројката изнесуваше 80.000.

извор: Makfax