Од 17 часот, воведена е забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

извор: Makfax