Холивудската ѕвезда и една од најубавите жени на светот, Кетрин Зета Џонс, се појавила во Кан по повод својот нов проект во секси црна тоалета, но од нејзиното лице и длабокиот процеп на тоалетата сите биле изненадени.

Кетрин за појавувањето пред медиумите избрала кратка елегентна тоалета, во која открила дека и на 48 години има одлична линија, благодарение на долгогодишните активни тренинзи, а посебен акцент паднал на нејзините витки нозе.

Меѓутоа, многумина се запрашале дали тоа било премногу?

Исто така, промената на лицето кај славната Кетрин е повеќе од очигледна и јасно е дека имала помали хируршки интевенции, а убавата актерка изгубила и неколку килограми, што исто така се одразило на нејзиното лице.

Иако минатата година ги демантирала наводите дека отишла “под нож”, не ја отфрила можноста дека ќе го направи тоа во иднина, наведувајќи дека нема ништо против естетската хирургија, сопругата на Мајкл Даглас судејќи по се почувствувала потреба нешто да промени.

На истото место, во Кан, само на црвениот тепих, Кетрин ја разбудила имагинацијата со деколтето, на кое никој не останал рамнодушен.

Погледнете и како изгледала Кетрин минатата година: