Британската коњичка федерација (БХА) се извини откако на коњ со расно навредливо име му било дозволено да се натпреварува за време на викендот, најавувајќи дека ќе ја разгледа постапката со која се одобруваат имињата.

Тригодишиот коњ, наречен „Jungle Bunny“, се тркал во саботата на натпревар во Вулверхемптон, што предизвикало бројни реакции на социјалните мрежи бидејќи сленогвски тоа е навредлив термин за луѓето со темна боја на кожата.

– Длабоко сме загрижени за тоа како се случи тоа и ги разгледуваме процедурите за одобрување на имињата на тркачките коњи. Расистичкиот јазик не се толерира во нашиот спорт, намерно или случајно, изјави БХА за британските медиуми.

Тие додадоа дека се обврзале да го сменат името на коњот во „Jungle Bells“.

Ема Еванс, сопруга на тренерот и сопственик на коњот Дејвид Еванс, рече дека старото име на коњот е невина грешка.

Таа објасни деа името го дала нивнната ќерка од видео игра „Jungle Bunny Run

 – Немавме идеја што значеше тој израз, тој беше потполно невино, заклучи таа.