Водечките словенечки епидемиолози, Милан Крек и Бојана Беговиќ, тврдат дека повеќето случаи на коронавирус во Словенија се „увезени“ и дека тоа е последица на неодговорно однесување на младите Словенци, кои посетуваат ноќни клубови и забави на хрватскиот остров Паг, особено на Зрче.

Во последно време, младите повторно беа предупредени за опасностите од инфекција на масовните собири, па директорот на Националниот институт за јавно здравје, Милан Крек, остро реагираше на веста дека некои ноќни клубови на словенечкото крајбрежје работат спротивно на упатствата на експертите.

На вакви забави не се држи пропишаната оддалеченост, луѓето се потат и дишат подлабоко од вообичаеното, така што оние што се болни излачуваат многу повеќе вирус од вообичаеното, рече Крек во интервју за словенечката ПОП-ТВ.

– На ваквите забави младите се физички активни и вдишуваат повеќе од вирусот којшто е присутен, се допират, се тресат рацете и прегрнуваат, па прават се што не е дозволено во епидемија – рече Крек.

Сега не е време за вакви забави, изјави за медиумите Бојана Беовиќ, водечки словенечки инфектолог од владиниот тим, додавајќи дека сликите од некои места од вакви забави на словенечкото крајбрежје, објавени на Инстаграм, ја потсетуваат на „она што се случува на Зрче“.

Хрватскиот портал Индекс потсетува дека германските и италијанските медиуми објавија информација пред неколку дена дека 10 германски матуранти и двајца матуранти од Италија се заразиле на хрватскиот остров Паг, а хрватскиот министер за туризам изјави дека нема докази за тоа.