x

ЖФК Каменица Саса против шампионот на Бугарија или на Австрија во 1. коло од ЛШ

zfk-kamenica-sasa

Македонскиот преставник во женското издание на фудбалската Лига на шампиони, екипата на ЖФК Каменица САСА во првото квалификациско коло од најелитното натпреварување ќе игра против шампионот на Австрија, Сент Пелтен или шампионот на Бугарија, НСА Софија.

УЕФА вчера ги објави можните противници пред ждрепката која е закажана за утре во 12 часот во Нион, Швајцарија.

Останува да се види кој ќе биде првиот ривал на тимот од Македонска Каменица, како и тоа дали првиот дуел ќе се игра на домашен или на гостински терен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата