Во пожарот кој избувнал ноќеска во велешката населба Варналиите изгоре една куќа, а загина и нејзиниот сопственик.

Жртвата која настрада во пожарот, се уште се наоѓа под урнатините, велат од полицијата за Сител.

Противпожарните екипи и МВР се на терен, работат на расчистување и се обидуваат да ја извадат жртвата.

Се уште не се познати причините за пожарот, но се претпоставува дека настанал од запалена печка.

Во гасење на пожарот интервенирале 40 пожарникари.