Триесет и петгодишен жител на Росоман починал од струен удар кога со камион удрил во жици од далновод.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера утрото во кавадаречко.

Во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во село Марена, Р.С.(35) од село Росоман, со камион-кипер, ги закачил жиците од далноводот, при што настанал електричен удар, а Р.С. починал на местото.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

извор: Makfax