Жител на неготинското село Пепелиште со нож се обидел да ја убие сопругата.

Според информациите на Основното јавно обвинителство Кавадарци, 43-годишен маж утринава околу 5 часот, во расправија, со нож повеќе пати ја нападнал неговата сопруга во пределот на главата со намера да ја убие.

Во обидот за убиство го спречил таткото на сопругата, по што осомничениот избегал.

Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.​

извор: Makfax