Педесет и осумгодишен жител на делчевското село Звегор натепал вработен во Државниот инспекторат за транспорт, додека му вршел контрола на возилото, при што му нанел тешка повреда.

Како што се наведува, инцидентот се случил на 12.02.2020 година на граничниот премин „Делчево“, за време на редовна контрола.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Г.(58) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „тешка телесна повреда“.

извор: Makfax