Жители на Ѓорче Петров попладнево се пожалија дека се вознемирени од рафално пукање во населбата.

Според некои граѓани, истрелите се слушале многу силно поради што побараа и информации што всушност се случува во овој дел на Скопје.

Поради ваквите поплаки „Макфакс“ стапи во контакт со МВР од каде смируваат дека станува збор за редовна вежба од касарната во Ѓорче Петров и порачуваат дека нема потреба за вознемиреност кај граѓаните.

извор: Makfax