Жителите на квартот ПД9 во авганистанската престолнина излегоа на улиците денеска, по смртоносниот напад на Талибанците, во знак на протест против присуството на странски трупи во областа, пренесува „Спутник“.

„Имаше чести бомбашки напади на овој камп кои ги уништија нашите домови и сериозно повредија луѓе што живеат во оваа област. Луѓето ги загубија животите, а многу други се повредени. Кампот е поставен во станбена област и треба да биде евакуиран од областа. Ако кампот не се евакуира, луѓето ќе продолжат со протести “, вели локалниот жител Мохамед Камал Авган.

Во меѓувреме, авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди смртоносниот напад на Талибанците и го нарече акт на тероризам.

„Не е првпат Талибанците да користат такви тактики, но безбедносните сили не можат да ги спречат. Бидејќи разузнавачките активности се слаби, Талибанците лесно ги изведуваат своите операции и ги постигнуваат своите цели. Од друга страна, Талибанците не обраќаат внимание на животите на цивилите. Спроведувањето на вакви тешки напади во градот е масакр “, рече поранешниот началник на авганистанските воздушни сили, Атикула Амархаил.

Утрово, жителите на областа излегоа на улиците и го блокираа автопатот источно од Кабул, барајќи да се тргнат странските трупи од областа. Вчера огромна експлозија ја погоди областа ПД9 само неколку часа откако американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан, Залмај Калилзад, ги сподели со раководството на нацијата детали за мировниот договор изготвен од Талибанците и САД.

Во нападот, за кој Талибанците ја презедоа одговорноста, загинаа најмалку 16 лица, а повредени се 119 повеќе. Групата соопшти дека его таргетира Грин Вилиџ, голема област во која се сместени странски трупи, агенции за помош и меѓународни организации.

извор: Makfax