Српскиот актер Вук Костиќ по вторпат е заразен со опасниот корона вирус, и тоа само неколку месеци откако ја прележа болеста без посериозни симптоми.

40-годишниот актер преку „Инстаграм“ потврди дека повторно е позитивен на тестот за ковид-19, но ги демантираше пишувањата на српските медиуми дека е во лоша здравствена состојба и дека има сериозно воспаление на белите дробови.

– Фала му на Бога позитивен сум само на хартија, напиша Вук на Инстаграм.