Марија Апостолова која е шефица на кабинетот на министерката за труд и социјална политика во преодната влада, Рашела Мизрахи, е поранешна советничка на експремиерот Никола Груевски, односно дел од неговите 90 советници. Ова го изјави на прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на комисијата за труд и социјална политика во СДСМ.

„На Груевски очигледно не му е доволно што го контролира Мицкоски, туку целосно ја држи контролата и преку сите кои се дел од кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ. Кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ се кадри блиски до Никола Груевски со што се докажува дека Мицкоски е само вршител на должноста претседател на опозициската партија“, рече Живковиќ.

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се нечесни и неискрени кон граѓаните и не нудат ништо освен обнова на режимот и заробената држава.

извор: Makfax