Ана Николиќ периодов работи вредно иако е во петтиот месец од бременоста која ја поднесува добро и се труди да живее здраво.

Околината ме притиска од сите страни, но мислам дека малку претеруваат моите најблиски затоа што ми велат немој ова да го правиш, немој она да го правиш… Се трудам да водам здрав живот, ги намалив цигарите и живеам како Новак Ѓоковиќ. Имам зголемен апетит, но Стефан вели дека сум таква откако ме запознал”, рекла пејачката во едно интервју за српските медиуми.

Инаку, пејачката на својот сопруг му рекла дека е бремена за време на снимањето на емисијата “Јас имам талент” каде жирираат и двајцата.

Дојде и ми го кажа тоа најопуштено, како да ми соопштува дека решила да си ја скрати косата. Тоа беше најубавата вест која сум ја добил во животот, спремен сум за да станам татко и едвај чекам нашето бебе да дојде на свет”, додал раперот и сопруг на Ана.