Поради здравствени проблеми рокерот Бора Чорба е спречен во наредниот период да продолжи со снимањето на Пинковите ѕвезди. Негова замена во шоуто, односно нов член на жирито ќе биде Жељко Јоксимовиќ.

Бора ми е голем пријател, со него поделив некои од најубавите моменти во животот. Тој беше и гостин на мојот концерт во Скопје годинава, а тоа не се заборава. Драго ми е што можам да помогнам шоуто непречено да се продолжи. Членовите на жирито ми се пријатели, па останува да работите со заеднички сили додека не оздрави Бора”, изјавил Јоксимовиќ, кого неделава го очекуваат првите снимања.