Министерот за култура на владата на Србија изјавил дека на реалити програмите не им е место на телевизиите со национална фреквенција, како и тоа на овие програми треба да им се воведе претплата.

По оваа изјава брзо стигнала реакција и од Жељко Митровиќ кој ја создаде “Задруга”.

– Министерот како и секој површен непознзвач, со овој предлог сака дополнително да се збогати од произведителите на реалити содржините. Сега би ги натерал граѓаните да плаќаат за своите омилени прогами. Да не е толку површен, би знаел дека силата на ваквата содржина не зависи од местото на прикажување, бидејќи Пинк во Црна Гора успеа за само 10 дена, после породажба на националната фрекфенција , во потполно нов канала Пинк медија М, на која се емитува “Задруга 2” да стана најгледана телевизија.

На тврдење на министерот дека нема оправдување што народот сака реалити програми, бидејќи овој не е народ на лудаци – вели Жељко Митровиќ па додава:

– Ако министерот себеси си дозволува за народот да рече дека “народот се лудаци”, тогаш тој не е никаков миностер, туку инквизатор во современа доба, а јас би рекол дека и еден несолиден човек.