Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, пратеникот Костадин Костадинов и пратеникот Чедомир Саздовски, се избрани за нови членови на Централниот одбор на СДСМ.

Жерновски, кој додека беше на градоначалничката фотелја како дел од структурата на ЛДП, по изборот на Горан Милевски за претседател се дистанцираше од партијата. Подоцна на својот профил на „Фејсбук“ објави дека преминува во СДСМ.

Костадин Костадинов, по парламентарните избори привремено од Зоран Заев ја презеде функцијата градоначалник на Струмица и ја извршуваше до последните локални избори, по што стана пратеник во Собранието.

Чедомир Саздовски, до скоро беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како член на ГРОМ. Тој во октомври минатата година ја напушти коалцијата, по што започна да делува како независен пратеник. Пред да се зачлени во ГРОМ, Саздовски беше дел од Социјалдемократскиот сојуз.

Одлуката за проширувањето на ЦО, беше донесена во рамки на вечерашната седница, на која беше усвоен Годишниот финансиски извештај за работата на партијата за 2017. година и беа дефинирани следните чекори на внатрепартиско делување.

извор: Makfax