Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел.

Во рамките на работната посета, како што соопштија од МНР, тој ќе оствари повеќе средби со претставници на институциите на ЕУ, со европратеници, како и со известителот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Заменик-министерот Жерновски ќе присуствува на пленарната сесија на Европскиот парламент, на која ќе се усвојува резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2018 година. Жерновски, како што посочуваат од МНР во своето соопштение, ќе учествува и на пленарни средби и во седиштето на НАТО, на кои со високи претставници ќе се разговара за текот и динамиката на пристапните разговори во врска со нашето зачленување во Северноатлантскиот сојуз.

извор: Makfax