Женски пакт против Санадер
Претседателката на ХНС Весна Пусиќ и заменичката на СДП Жељка Антуновиќ склопиле пакт за ненапаѓање меѓу двете странки и тргнале во заедничка акција да го исфрлат Санадер од Банските Двори. Ова, наводно, било договорено на неодамнешниот заеднички состанок, кога лидерките се договорите за наредните потези кои двете партии треба да ги влечат во предизборната кампања.
Првиот конкретен резултат од договорот била заедничката иницијатива на ХНС и СДП за покренување интерпелација против Владата поради неискористени средства од претприемните фондови за влегување на Хрватска во ЕУ. Подготвиле и заедничка тактика против министерот Бранко Вукелиќ, чија фотелја дојде во прашање поради афера со исчезнатите шест милиони евра во Бродосплит. Единствен проблем на новиот сојуз се несогласувањата околу номинација на Радимир Чачиќ во кампањата за иден премиер на Хрватска. Велат дека и тука тензииите полека се смирувале.