Денес во Скопје, Женската Организација на Партијата за Движење на Турците (ТХП) одржа тркалезна маса на тема “Насилството врз жените”.

Целта на тркалезната маса беше да се подигне свеста кај жените од турската етничка заедница за постоењето и препознавање на семејното насилство во сите негови форми и доколку постои насилство да не се прикрива туку јавно да се проговори за тој проблем и да се бара заштита во надлежните институции.

На тркалезната маса учествуваше и претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, кој изрази силна поддршка за женските права и истакна дека само со силни, слободни и успешни жени општеството може да се развива во демократска и здрава средина.

Женската организација на ТХП со своите следни активности ќе продолжи да работи на превенција и едукација на женската популација за семејното насилство.

извор: Makfax