Што е тоа што може да преземете за да освоите една жена? Иако себеси се сметате за човек кој цврсто стои на земја, немојте многу да се изненадите и да го изгубите тлото под нозе кога ќе сфатите дека се уште постојат жени, кои веруваат дека постои принц за нив, кој ќе ги третира како принцези. Тоа се жени кои ги возбудуваат зрели, чувствителни мажи на кои тие можат да се потпрат во секој момент и во секој поглед. Таквиот тип жени сакаат исклучиво трајна врска, нешто подлабоко од кратка и возбудлива средба. Кај некои жени еротичноста и страста се будат низ дијалог, низ вешта комуникација која овозможува тие да не се плашат од своите еротски сништа и храбро да ги остварат. Секако, постојат и такви на кои исклучиво им е потребен умилкувач – грабливец, затоа што тоа максимално ги возбудува. Најголема замка на овој вид привлечност може да биде што жената постојано ви се “гали”, затоа што мажот е подоминантен од неа. Играта на мачка и глушец од време на време може да биде забавна, но би било подобро вие да бидете тој кој избира и одлучува. Овој тип жени најмногу ги возбудува моќ, пред се моќта на заведување, но и моќ која нуди висока општествена положба. Се обидувате да не се вљубите во таква жена, затоа што нејзината опсесија, порано или подоцна, ќе ја уништити вашата врска. На крај, но не и најмалку значајно – има и жени кои се предаваат на фантазирање. Нивната ерогена зона е мозокот и ги привлекуваат интелектуалци и уметници. Склони се кон смели сексуални потфати додека истовремено трагаат по физичко и ментално задоволство. Нив не им е битно дали ќе бидат доминантни или потчинети. Тоа би можело да биде идеален тип на жена, која би можела да одговара на секој маж.