Мажите можеби пијат повеќе, но пијалокот е погубен за дамите – порачуваат стручњаците.

Истражувајќи го мозокот кај младите жени, од кои половина неретко одела на журки на кои се точело се освен сокови и вода, научниците од универзитетот во Сан Дијего и Стенфорд заклучиле дека алкохол многу повеќе им штети на здрави девојки отколку на машките.

Алкохолот има доста погубни последици по нивниот мозок – тврдат истражувачите. Студијата покажала дека девојките после пијанка имаат силни и долготрајни главоболки, кај нив е доста намалена активноста во неколку делови во мозокот, особено деловите задолжени за внимание и паметење.

Жените имаат тежок и подолг мамурлук…

– Тоа сугерира дека тие би можеле да бидат посебно чуствителни на негативни влијанија од претерана конзумација на алкохол.

Зошто се тие по слаби од мажите по тоа прашање?

Затоа што развојот на нивниот мозок предничи за едена/две години во однос на мозокот на мажите – предупредува Сузан Таперт, професорка по психијатрија во Стенфорд и коавтор на студијата.

За тоа виновни се и други фактори, односно разлика меѓу половите, како што е хормоналната специфичност, градбата, по спор метаболизам кај девојките и слично.