Театар Комедија вечерва ќе ја одигра претставата “Женидба” од Гогољ, а средствата ќе бидат донирани за обнова на конаците на манастирот Трескавец. Гогољевата “Женидба” во режија на Дејан Пројковски е третата премиера на Театар Комедија. Во неа играат Атанас Атанасовски, Нина Деан, Валентин Костадиновски, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Едмонд Сотир, Роберт Ристов, и како гости Игор Георгиев, Теоман Максут и Анкица Бенинова. Освен Пројковски во тимот се и костимографот Благој Мицевски, сценографот Валентин Светозарев, авторот на музиката Горан Трајковски, 3Д мапинг направи Сергеј Светозарев.