Мопед управуван од 17-годишник од Охрид, синоќа удрил во 68-годишна жена од Охрид.

„Б.Ѓ. била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите“, информираат од МВР.

Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

извор: Makfax