Дејвид Бекам е познат како фраер кој секогаш е скоцкан тип-топ. Речиси и да е безгрешен кога се во прашање модните комбинации, ама речиси. Зашто овој пат 44-годишниот фудбалер баш потфрлил. 

На снимање на реклама за неговиот нов бренд за нега на кожа се појавил комбинација како за на пазар. Тешко дека некој можел да го замисли славниот фидбалер дека ќе се појави во вакво издание со кафеави влечки и црвени чорапи!

Ако е и од Бекам многу е!