Очаен сопруг кој гази веќе во четврта деценија проговори за еден необичен проблем. Имено, она што е карактеристично повеќе за посилниот пол, и се случува на неговата сопруга – таа се согласува да биде интимна со него само кога ќе се напие.

Несреќниот сопруг се обидел да го објасни својот очај во разговор со брачен терапевт.

– Двајцата имаме по 31 година, работиме со полно работно време и имаме деца на возраст од шест и две години. Јас го работам истиот дел од работата како и сопругата, се грижам за децата и посветен сум на моето семејство. Но, нашиот сексуален живот страда во последно време. Таа едноставно одбива да биде интимна секогаш кога ќе и пријдам.

Секогаш кога ќе се обидам да разговарам со неа за нашиот недостаток на сексуален живот, таа се правда со тоа што не сакала да ги буди децата

Единственото внимание што го добивам од сопругата е кога ќе испие неколку чаши вино.

Но, сакам да вратам искра во нашиот сексуален живот без алкохол. Не знам како да разговарам со неа за тоа. Треба ли да дозволам работите да се решаваат сами, да се разведам или да најдам љубовница? Јас сум во дилема.

Терапевтот му одговорил дека  можеби чаша или две вино ќе и помогнат да се чувствува порелаксирано и да го намали нивото на стрес како резултат на секојдневните обврски.

Одлично е што многу помагате дома, но можеби треба да бидете поинтуитивни и да се обидете малку повеќе да создадете атмосфера што ќе и се допадне на вашата сопруга. Добриот секс не значи дека треба да биде бучен или истовремено жесток. Размислете што и пречи?

Обидете се со различни пристапи, и следниот пат воведете неколку новини што ќе ја разбудат нејзината желба. И не однесувај се како човек што бега од бојното поле кога првпат ќе наиде на проблем. Најлесно е да одлучите за развод или да најдете љубовница. Потешко е, но и поубаво кога се соочувате со проблем и се обидувате да го решите се додека не видите дека работите се движат на подобро.