Дваесет и деветгодишна скопјанка била измамена од жена која ѝ ветила дека ќе и тргне црна магија, ако ѝ даде злато.

Според информациите на МВР, вчера В.С.(29) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12,40 часот била измамена од страна на непознато женско лице.

„Откако лицето дошло во нејзиниот двор со намера да ѝ продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да ѝ зборува во врска со животот на В.С. дека некој ѝ направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани. Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа ѝ рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе ѝ го врати“, велат од полицијата.

По ова, непознатата жена го земала накитот, си отишла и не се вратила.

извор: Makfax