Во градот Џингжу, во кинеската провинција Хубеи, денеска е откриен случајот на жена (68), која повторно е тестирана позитивна на коронавирусот, еден месец откако беше излекувана од Ковид-19, соопштија градските власти.

Жената е во карантин и под медицински третман, а лицата со кои била во контакт се пронајдени, тестирани и не се позитивни. Засега нема докази за ризик дека луѓето кои се повторно заразени по излекувањето се преносители на вирусот.