Оливер Драгојевиќ беше омилена личност ширум регионот, а почина на денешен ден пред една година. Позади себе остави сопруга Весна, со која бил 44 години во брак, синот Дино и близнаците Дамир и Давор.

Повеќе од 40 години бил во брак кој за малку ќе му се распаднел кога на виделина излегла неговата афера. Имено, некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути јавно признала дека со него била во долгогодишна љубовна врска.

 

Тие двајца одржувале односи за време на седумдесетите и почеток на осумдесетите години на минатиот век, а колку аферата била сериозна зборува фактот дека Оливер поради Бранка сакал да ја остави Весна.

“За време на тие десет години често поради стрес и нервоза завршував во брза помош. Долго време се обидував да откријам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крај сватив дека станува збор за негова незрелост и несигурност“, рекла Весна која своевремено за хрватски медиуми признала дека и биле потребни десет години да го преболи неверството на Оливер.

“Никогаш не сум сакал да зборувам за својот живот вон сцена, но поради спет на чудни и неморални околности се најдов во центар на скандал кои други го инсценираа. Мојата интима првенствено е моја работа и се што треба ќе решам во своите четири ѕида со оние кои се засегнати, а душегрижните ќе останат гладни за сензации им одговорал пеачот на злобните јазици.