Оргазмот не служи само за задоволство туку ја подобрува и општата психофизичка состојба на организмот – тврди психолот Марин Балфур.

Редовниот секс го штити срцето, го намалува ризикот од рак на простата и градите, го победува стресот и депресијата, го зајакнува имунитетот, ги спречува сезонските настинки и делува подобро од апче за спиење.

“Додека ја масирате или мазите, жената може да доживее оргазам”, тврди Марин Балфур и напоменува дека тоа е само еден од 11-те начини на кои може да се задоволи жена.

Г-точката е женска ерекција

На предниот ‘ѕид’ на вагината се наоѓа Г-точката, односно вагиналното перниче кое во текот на возбудата се надразнува.

Сигурен пат до уживање

Клиторисот е најчувствителен дел од женското тело и оргазмот во тој дел може да се стимулира со различни видови на допир.

Мрзеливиот врв доаѓа од внатре

Мрзеливиот вагинален оргазам бара труд од двата партнери. Жените го опишуваат како помалку интензивен од брзиот, но многу подлабок.

Тантрички оргазам

Оргазам кој ослободува од негативни емоции и ја исполнува жената со еуфорична енергија и чувство на мир е длабоко искуство.

Со мисионерска поза до А-точката

Веднаш до Г-точката се наоѓа А-точката. Најлесно се стимулира со триење и тоа додека жената е во мисионерска положба.

Најинтензивно искуство

Овој вид на оргазам се постигнува со стимулација на најдлабокиот дел од вагината пред вратата на матката. Таквиот оргазам е исклучително интензивен.

Пронајдете ја U-точката

Со нежни допири на подрачјето помеѓу уретрата и вагината доаѓа до страствен еротски одговор од женското тело.

Не заборавајте на градите

Додека им ги допирате градите, многу жени чувствуваат надразнување во клиторисот. Нивото на задоволство зависи од чувствителноста, односно од жена до жена.

Драги, бакни ме

Устата има голема улога во сексот. Жените можат да доживеат оргазам во текот на бакнувањето, вшмукувањето, па дури и грицкањето на усните.

Допри ме нежно

Дури и додека ја масирате, жената може да доживее оргазам. Па дури и ако допрете некој дел од телото кој не е директно поврзан со сексуалниот нервен систем.

И жените се визуелни типови

И додека сама гледа еротски филм или прегледува списание, жената може толку да се возбуди што доведува до оргазам.