x

Ждрепка за 3. коло ЛЕ: Шкендија би можела со Тотенхем, Силекс со Селтик, Ренова со Галатасарај!

sumgait-skendija

Денеска во Нион ќе се одржи ждрепка за 3. квалификациско коло, во кое нашите претставници ќе ги дознаат противниците ако евентуално минат во следната фаза. УЕФА ноќеска го скрати списокот, па така нашите екипи ги добија можните ривали.

Така Шкендија би можела да добие најзвучен противник во името на Тотенхем, иако англискиот тим треба да го мине Локо Пловдив, и се чини дека ќе нема проблеми. Покрај Тотенхем, Шкендија ако мина може да се падне уште со Ростов на Давид Тошевски, и победникот од Бала Таун и Стандард Лиеж.

Силекс, пак, како потенцијален противник ако ја мине косовска Дрита, го има шкотски Селтик во т.н. шампионски пат во ЛШ. Покрај Селтик, потенцијали ривали се Судува и Легија.

Ренова доколку направи сензација и го помине сплитски Хајдук, би се паднал со некој од следните ривали: подобриот од дуелот Нефчи – Галатасарај, победникот од ЦСКА Софија – Бате Борисов, со Викторија Плзен, или со победникот од мечот Кајсар – АПОЕЛ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата